Славната оскаровка Хилари Свонк ќе стане мајка за првпат на 49 години, а на својот инстаграм-профил сподели нова фотографија со трудничкиот стомак.
Во октомври минатата година, актерката откри дека е бремена, а судејќи по најновата фотографија, породувањето е сѐ поблиску.
„Рерната е загрена, тестото почнува да расте“, се пошегува таа во описот на фотографијата на која насмеано позира во хулахопки и домашна наметка.
Да потсетиме, актерката објави дека чека близнаци, но нивниот пол сѐ уште не го споделила со јавноста.
„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува“, рече актерката минатата година во емисијата „Добро утро, Америка“, додавајќи дека нејзината бременост „е голем благослов и апсолутно чудо“.
Свонк очекува близнаци со претприемачот Филип Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година по две години врска.