More

    Славната актерка се омажи во романтичната Венеција

    spot_img

    Актерката, чиј начин на облекување е исклучително пофален и важи за стилска икона, минатиот викенд се омажи (повторно) на раскошна церемонија во Венеција. На музичарот Малколм Мекреј му го изговори судбоносното „да“ во присуство на познати гости. Многумина едвај чекаа да видат каква венчаница избрала Ања Тејлор-Џој. Таа воодушеви со изборот на фустан кој отстапува од конвенционалните модели на венчавки. Двојката минатата година имаше граѓанска венчавка, па свечениот настан се смета за втора венчавка.

    Ѕвездата на „Квинс гамбит“, Ања Тејлор-Џој се омажи пред 150 гости. Таа пред свадбата беше видена на балконот како ужива на кафе, без шминка, како прави мала пауза пред големата церемонија.

    Актерката не сакала да носи бела венчаница, се појавила во беж фустан со везови и украси – вклучувајќи слики од птици и цвеќиња преку корсетот, додека носела бел превез. Нејзиниот изглед некои го опишуваат како „прекрасен лебед“, а други како изглед на „принцеза од бајките“.

    Ања брзо стекна голема модна репутација. Неочекувана, смела, оригинална, така е опишан нејзиниот моден стил.

    Погледнете како Ања Тејлор-Смит изгледала на венчавката.

     

     

    На венчавката на славниот пар беа манекенката Кара Делевињ облечена во смокинг, Џулија Гарнер во кадифен фустан во стилот на 1920-тите, Николас Хулт и неговата девојка Ева Рос.

    Младенците претходно беа видени како ја обиколуваат Венеција во потрага по идеалното место за венчавка. Тие ја ангажирале „The Wedding Boutique Italy“, компанија за планирање свадби. Настаните за кои е задолжена оваа компанија чинат од 250.000 долари и повеќе.

    Младенците се во врска од мај 2021 година. Успеаја да ја спасат својата љубов и покрај тоа што таа е претежно во Лондон, а тој во САД, разделени со работни обврски, пишува „Дејли мејл“.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img