Славјанка и Бујар спомнуваат конфликти ако не ги ставиме Бугарите во Уставот, безбедњаците велат: спијте мирно!

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Нејзиниот двор целосно обраснат со трње, а таа зела да мете туѓи дворови“.

Вака безбедносните експерти со коишто разговараше Плусинфо ја коментираат вчерашната изјава на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека „интеграцијата на земјава во ЕУ е безбедносно прашање“ и дека, во спротивно, можеме да бидеме злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и за подгревање на страстите.

Не е првпат висок функционер од власта да дава вакви застрашувачки изјави, плашејќи го народот со евентуално избувнување конфликти, војни и нарушување на меѓуетничките односи доколку земјава не ги изврши уставните измени и не ги вметне Бугарите во Уставот.

Пред само неколку недели слична изјава имаше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој порача дека членството на Македонија во ЕУ претставува „лепак за меѓуетничките односи“, а додаде и дека „без европска можност оваа држава тешко ќе дише“.

Сепак, мора да се признае дека многу подиректен и појасен беше во јули минатата година кога министерот Османи порача: „Неприфаќањето на Францускиот предлог носи ризици за кризи и за меѓуетнички тензии“.

Безбедноста е широк поим

Злате Димовски, професор по криминалистичко разузнавање и тероризам, во разговор за Плусинфо вели дека во моментов не постојат индиции за евентуален меѓуетнички конфликт кој би избувнал по евентуален евроинтеграциски неуспех на земјава.

И едните и другите сакаме да влеземе во ЕУ, никој не е против, па затоа и не постои некој посебен показател кој би можел да ни навести дека утре ќе биде нарушена таа меѓуетничка благосостојба

Злате ДимовскиПрофесор

– Помеѓу сите тие поглавја што треба да ги исполниме за да се зачлениме во ЕУ се и безбедносните поглавја, па ако ја погледнеме поголемата слика, тогаш ќе сфатиме дека токму безбедноста ги диктира и економските односи и политичките односи и севкупните односи на општествено ниво. Затоа што, ако е немирно, тогаш нема да има ни економија, ни политика, ни ништо. Ајде сега некој нека изгради политика или економија во Украина, на пример. Тоа значи дека безбедноста како широк поим ги опфаќа сите елементи во рамки на општественото живеење. Но, на прашањето дали кај нас во моментов постојат ризици и закани дека ќе ни се случат конфликти доколку не успееме да ги спроведеме уставните измени и не успееме да го фатиме возот кон ЕУ, јас ќе одговорам дека засега нема некои конкретни показатели за такво нешто. Немаме индиции дека нешто може да се случи. Сепак, мора да си признаеме дека никогаш не е ништо исклучено, меѓутоа, согласно сегашните перцепции и согласно сегашните односи коишто постојат на меѓунационално, меѓуетничко и меѓурелигиско ниво, едноставно не постојат индиции дека може да ни се случи конфликт. Ние немаме отворен безбедносен проблем со некого, а тоа што се случува со Бугарија претставува политички проблем којшто треба да се реши. Тоа е политички проблем и тој проблем никако не може да биде безбедносен проблем – објаснува Димовски.

Ако направиме едно компаративно согледување на тоа што ни се случуваше пред 2001 година до пред извесен период, тогаш ќе забележиме една огромна разлика во самото поимање на поимот меѓуетничка можност за конфликт, додава тој.

– Во тие периоди по завршувањето на конфликтот во 2001 година ние имавме меѓуетнички тензии, но како што одминуваше времето, полека почнавме да сфаќаме дека сите сме луѓе со исти потреби и дека сите заедно треба да живееме на ова парче земја која претставува и наша и нивна татковина. Јас забележувам дека имаме едно големо намалување на тензиите. Тоа што се случува на стадиони за време на спортски натпревари не е одраз на некаков меѓуетнички конфликт. Ние зборуваме овде за спротивставени два концепта, а во моментов не постојат два спротивставени концепта. И едните и другите сакаме да влеземе во ЕУ, никој не е против, па затоа и не постои некој посебен показател кој би можел да ни навести дека утре ќе биде нарушена таа меѓуетничка благосостојба – објаснува Димовски.

- Advertisement -
Ad image

Звучи страшно, ама е смешно

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов им порачува на функциониерите од власта веднаш да престанат да го плашат народот со евентуални конфликти, а конкретно на министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ порачува да си го гледа сопствениот двор и да не се меша во туѓите дворови.

Ваквите закани апсолутно не се продуктивни, а заканувачите треба да размислат што зборуваат во јавноста, оти самите се носители на високи позиции.

Павле ТрајановПоранешен министер за внатрешни работи

– Клучно е тоа што сите политички партии во земјава, вклучително и опозицијата, се за членство на Македонија во ЕУ. Но, дури 80% од македонскиот народ не прифаќа уставни измени, односно не прифаќа внесување на Бугарите во Преамбулата без реципроцитет. Па затоа, власта сега ја крева оваа тема на највисоко ниво и почнува да му се заканува на сопствениот народ со евентуални конфликти и војни. Македонија веќе одамна помина низ тој период на закани и конфликти, па и сега ако не сме способни да обезбедиме стабилност, тогаш тоа значи дека не сме способни за ништо. Власта не смее да поттикнува немири и не смее да наметнува дека главното прашање е дали сакаме во ЕУ или не сакаме. Оти, одговорот е одамна јасен – сите сакаме да ја видиме Македонија во европското семејство. Единствениот проблем е тоа што народот не прифаќа уставни измени под сегашните услови – објаснува Трајанов.

Свесен сум дека страшно звучи кога министер за одбрана ќе ви соопшти дека можни се меѓуетнички тензии, додава Трајанов, но тој министер за одбрана си има други свои обврски и секирации наместо да дели изјави од ракав и да се меша во работата на внатрешните безбедносни служби.

- Advertisement -
Ad image

– Ваквите изјави на Петровска и на Османи претставуваат крајно непочитување и крајно неодговорно однесување кон мнозинскиот македонски народ. Што ако другата страна сега започне да шири такви екстремни закани? Многу малку е потребно за да се влошат актуелните релативно стабилни меѓуетнички односи во Македонија. Ваквите закани апсолутно не се продуктивни, а заканувачите треба да размислат што зборуваат во јавноста, оти самите се носители на високи позиции. Да не го мотивираат народот да започне со контра-закани и со тоа да се дестабилизира државата. Одговорноста на министерот за одбрана и на сите други е да водат сметка за стабилноста на државата и да направат сѐ за да не дојде до нарушување на внатрешната безбедност – вели Трајанов.

Share This Article