Славески смета дека власта мора да води сметка за секој денар, а расходите да бидат ефикасни и ефективни

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на СДСМ и ДУИ предизвика состојба на секојдневни штрајкови, зголемена инфлација и состојба на стагфлација, затоа потребен е нов општествен договор со синдикатите и пензионерите, изјави вчера професорот Трајко Славески појаснувајќи го економскиот дел од Платформата за иднината на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе почнам со она што СДСМ и ДУИ ни го оставаат во наследство, односно нивната Влада која повеќе од 6 години управува со земјава и македонската економија. Во наследство ни оставаат состојба на стагнација. Стагнацијата значи многу ниски и анемични стапки на раст, некогаш и негативен на БДП истовремено проследена со високи стапки на инфлација. Ние економистите за ваквата состојба имаме еден грд назив, една кованица од двата збора, тоа е стагфлација – рече Славески.

Славески посочи дека претставници на СДСМ односно на Владата зборуваат за криза, дека македонската економија била во криза и тоа го повторуваат повеќе години. По негова оценка тоа го прават за да се оправдаат од нивната неспособност да ги решаваат проблемите.

– Во моментов македонската економија не е во криза, кризата не може да трае предолго како во медицината што е познато дека организмот во криза може да биде релативно краток временски период и оди во два правци или се влошува состојбата и колабира или заздравува – рече Славески.

Славески вели дека инфлацијата во Република Македонија е на рак рана, една болка која е предизвикана од популистичките мерки на владите предводени од СДСМ и ДУИ.

-Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, оние што се фиксни доходи и примања, пензионерите чиј пензии се индексираат и усогласуваат во многу долги временски периоди. Инфлацијата единствено и користи на власта, односно на Владата, како? Па ја тера што повеќе и повеќе да се задолжува затоа што кога ќе дојде да го враќа долгот, тој е веќе обезвреднет како што се обезвреднети заштедите на оние наши сограѓани кои штедат за разни намени. Имаме едно неправедно прелевање преку еден невидлив и подмолен инфлациски данок, како ние ќе ја сопреме инфлацијата, СДСМ и ДУИ предизвикаа состојба во која секојдневно имаме штрајкови, ја пригушија инфлацијата со непазарни мерки кои не можат долго да опстојат и траат како што се ограничувањето на цените и маржите и состојбата во нашата економија е нешто слично на онаа природна состојба на Исланд во моментов каде вулканите се подготвуваат за ерупција, пука земјата а и кај нас доколку продолжи ваквата политика најверојатно ќе дојде до социјален излив чие незадоволство го гледаме во моментов – кажа Славески.

Славески истакна дека мора да се постигне нов општествен договор со синдикатите и здруженијата на пензионери.

-Што треба да се направи, кој е првиот чекор? Ние мораме да постигнеме еден нов општествен договор во соработка со синдикатите и здруженијата на пензионерите. Власта да се обврзе дека ќе води сметка за секој денар дека ќе ја сведе корупцијата на нула, дека расходите ќе бидат ефикасни и ефективни а синдикатите и здруженијата на пензионерите ќе бидат умерени во нивните барања за зголемување на платите и пензиите затоа што мораме да ја скршиме оваа спирала, борба меѓу платите и цените. Во таа битка помеѓу платите и цените, платите и пензиите се оние што ја губат таа трка и вториот предизвик е како да го умножуваме богатството, како да создаваме поголема вредност затоа што само на тој начин може да го подобриме животниот стандард и никако поинаку – заклучи Славески.

Share This Article