More

    Славчо Попоски ни открива кога ќе падне првиот снег

    spot_img

    Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври, кога температурите и врнежите ќе бидат исти како и во повеќегодишните прогнози. Познато е и кога може да го очекуваме првиот снег во Македонија.

    Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо открива дека во октомври ќе имаме нормални температури и нормално количество врнежи.

    – Како што повеќе и повеќе ќе навлегуваме во есента, кон крајот во октомври месец ќе се зголемат условите за уште поголемо заладување на времето, но и за првиот снег во Македонија, но само на планините. Секако, ќе има и периоди со повеќе врнежи, но и со убави денови – вели метеопрогнозерот.

    Тој додава дека во првата работна недела нѐ очекува засилен северен ветер и позначителен пад на температурите.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи информирааат дека согласно изработената долгорочната прогноза за месец октомври за целата територија на Републиката, треба да очекуваме просечни температури, со веројатност на отстапување од околу 1°C. Што се однесува до количините на врнежи за месец октомври, се очекуваат потпросечни вредности.

    – Според многугодишниот просек за периодот од 1981 до 2010 година, во октомври просечната температура на воздухот изнесува од околу 8°C во планинските предели, 12°C во Охрид, Битола и Прилеп, 13°C во Скопје, 14°C во Струмица и вДемир Капија и 15°C измерени во Гевгелија – велат од УХРМ.

    Кога станува збор за врнежите, од УХРМ велат дека во октомври просечната месечна количина на врнежи ќе изнесува од околу 50 литри на 1 метар квадратен во Скопје, Штип, Берово и Крива Паланка 60 литри на 1 метар квадратен во Битола, Струмица, Демир Капија и Прилеп, 70 литри на 1 метар квадратен во Гевгелија, 80 литри на 1 метар квадратен во Охрид, 100 литри на 1 метар квадратен во Маврово и 110 литри на 1 метар квадратен во Лазарополе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img