Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на патниот правец Страцин – Куманово, но не се задржува на коловозт, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.