More

    Скопската епархија, при Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје

    spot_img

    Скопската епархија, при Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје.

    Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

    Новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.

    Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени, како и сите луѓе – добронамерници.

     

    КОЧО АНЃУШЕВ ДАЛ ЛИЧНА ДОНАЦИЈА ЗА ХРАМОТ

    Еден од донаторите за доградбата на црквата е бизнисменот и професор Кочо Анѓушев. Тој се одѕва на ланскиот повик на Црквата за донации и даде лична донација, како физичко лице. Овој празник е и негов именден, како и на неговите внуци, потврдија од прес службата на компаниите на Анѓушев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img