Скопје утринава е шести најзагаден град во светот според сајтот IQair, а на листата прв е Лахоре во Пакистан. Просечното загадување во Скопје според сајтот е со индекс 163, а дадени се и вредности за поединечните општини. Како главен загадувач во главниот македонски град наведени се ПМ2.5 честички со густина од 74 микрограми на кубен метар, а потоа следат ПМ10 честичките со 98.2 микрограми.
Даден е коментар и дека воздухот во Скопје во моментот е 14,8 пати позагаден од годишната препорака на Светската здравствена организација(СЗО).
Во друштво со Скопје се Карачи во Пакистан и Калкута во Индија иако местата постојано варираат според мерењата.