More

    Скопје најевтина престолнина за „дигиталните номади“

    spot_img

    За луѓето кои работата си ја носат со себе познати и како „дигитални нимади“, Скопје е најевтина и најпривлечна европска престолнина, покажуваат истражувањата на британската кредитна компанија Нортон Фајнанс.

    Пандемијата имаше долготрајно влијание врз начинот на кој работиме и патуваме, што е најочигледно во тоа колку работи денес се работат на интернет од удобноста на нашиот дом, а можноста тоа да се прави од странство, за многумина стана начин на живот. Животот на дигиталните номади во голема мера зависи од секторот во кој работат, платата и флексибилноста на улогата и дали можат да патуваат во рамките на нивните позиции.

    Списокот на земји кои нудат дигитални номадски визи се зголемува, но секоја од нив има различни барања. Анализирајќи различни услови, кредитната компанија Нортон Фајнанс спроведе истражување за најевтините европски престолнини за животот на дигиталните номади.

    Експертите за патувања на компанијата ги процениле европските земји и ги рангирале врз основа на просечните трошоци за кирија, комунални услуги, транспорт, храна, теретана и интернет, како и трошоците за повратни летови од Велика Британија.

    Скопје се најде на првото место во ова истражување, опишано како туристичка дестинација со добри вредности, популарна по своите археолошки локалитети и уличната храна. Цената на јавниот превоз е уште еден фактор што го става Скопје високо на листата, бидејќи месечниот билет за јавен превоз е осум пати поевтин од оној во Лондон.

    На второ место е Сараево, кое го опишуваат како „шармантна престолнина на Босна и Херцеговина“.

    „Еднокреветниот стан во центарот на градот во просек чини лудо достапни 275 евра месечно“ – стои во описот на Сараево.

    Кишињев во Молдавија е трет на листата, а во топ 10 е и Софија (Бугарија). Букурешт (Романија), Белград (Србија), Будимпешта (Унгарија), Варшава (Полска), Вилнус (Литванија) и Рига (Латвија).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img