Главниот град на Македонија утрово се најде на седмото место меѓу најзагадените градови во светот, со индекс од 152, што укажува на опасни концентрации на штетни честички во воздухот.
Скопје, според листата на IQAir е рангиран како петти најзагаден град во светот заедно со Лахор (Пакистан) Њу Делхи (Индија) и Багдад (Ирак), кои се познати по сериозни проблеми со квалитетот на воздухот.
Покрај Скопје, високи нивоа на загадување се регистрирани и во Гостивар, Тетово, Кичево, Струмица и Велес.
Како одговор на алармантното загадување, Владата најавува акционен план кој вклучува конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, меѓу кои најважниот проект е гасификацијата.