Скопје и утрово се најде на листата на градови со високо загадување на воздухот. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е на десетто место по загаденост во свет, а прв во Европа.
Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност.
Најзагаден град во светот утрово е Делхи по што следуваат Лахор, Акра, Багдад.
Скопје е единствен европски град кој се најде на листата од 10 светски метрополи со високо загаден воздух.