More

    Скопје и Приштина договорија соработка во енергетиката, образованието и заеднички гранични премини

    spot_img

    Балканот предолго време беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност, сега е време е за економски развој, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти по заедничката седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина.

    – Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји. Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност. Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот. Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи. Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина – рече Мицкоски.

    Дискутиравме, додаде тој, и за важноста на евроатлантските интеграции и заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме, рече Мицкоски, дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и во НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани.

    – Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите – рече премиерот.

    Тој објасни дека првиот протокол е за енергетика, за соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали. Вториот протокол е за заеднички граничен премин, каде ќе се намали времето на премин на границата, а третиот е за соработка во образованието.

    – Време е да разговараме за иднината, наместо за минатото. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите. На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба. Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори – рече Мицкоски.

    Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

    – Република Косово и Република Северна Македонија немаат несогласувања. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат сè посилни и посилни – потенцира Курти.

    Тој рече дека оваа седница доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Курти додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми.

    Претходно, на билатерална средба двајцата лидери изразија очекување дека економската соработка  помеѓу Македонија и Косоцво оваа година ќе достигне половина милијарда евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img