Скопје утрово се најде на 10-то место на листата на градови со најзагаден воздух во светот I-Q-Air со индекс на загаденост 169.
Главниот град на Северна Македонија, Скопје, денеска повторно е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираниот сајт за мерење на квалитетот на воздухот Ai-Q-Air.
До пладне главниот град на Северна Македонија „падна“ на 16-то место на таа листа со индекс на загаденост 144, но сепак е најзагадениот европски град.
Следен европски град по загаденост на воздухот е Софија на 42 место, потоа Сараево на 44 место, Белград на 66 место и Приштина на 72 место.