More

    Скопје е домаќин на Глобалниот парламент на локални самоуправи

    spot_img

    Повеќе од сто градоначалници и голем број претставници на меѓународни организации учествуваат на Годинашниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници што денеска почна во Скопје.

    Годинашниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“.

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е домаќинка на самитот, им посака добредојде на сите повеќе од 200 гости, меѓу кои повеќе од 100 градоначалници, заменици градоначалници, како и претставници на градските општини поврзани со Глобалниот парламент на градоначалници.

    Претседателот на државата Стево Пендаровски, во неговото обраќање осврнувајќи се на изградбата на Скопје после земјотресот од 1963 година рече дека Скопје не е ни прв, ни последен град погоден од катастрофа, но дека прв пат во историјата, обновата на еден разрушен град прерасна во меѓународна солидарност без преседан.

    – Како и многу други градови во светот и Скопје, за жал, се соочи со брза и непланска урбанизација, агресивна бетонизација, узурпација на јавниот простор и намалување на зелените површини. Рапидната урбанизација ја зголеми и социјалната нееднаквост, меѓу елитните квартови и маргинализираните острови на сиромаштија кои постојат во истиот град. Прашањето со кое се соочуваме е: како да се обнови довербата меѓу самите граѓани кои живеат во градот, од една страна, и меѓу граѓаните и нивниот град, од друга – посочи Пендаровски.

    На самитот говореше и генералниот секретар на Конгресот за локални и регионални власти на Европскиот совет, Метју Мори, кој ја спомна важноста на младината во општеството.

    – Младите луѓе се поривот за промени во нашите општества, во нашите градови и внатре во меѓународните организации. Тоа наша одговорност и ваша одговорност, да има ја дадете таа моќ што ја заслужуваат – рече Метју Мори.

    Самитот ќе трае три дена, а покрај меѓусебните средби, се одржуваат и панел дискусии и пленарни сесии поврзани со теми од локалната самоуправа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img