38-годишна скопјанка била физички нападната додека престојувала во хотел во Охрид.
„На 25.12.2023 во 20.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид, М.О.(38) од Скопје била физички нападната од А.Д.(31) од Охрид“, информираат од МВР.
По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.