Хероите од Палермо, фудбалерите кои синоќа приредија огромно изненадување кога ја поразија Италија на гостински терен, денеска пристигнуваат на аеродромот во Скопје од каде што ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ и заедно со скопјани ќе ја прослават огромната победа.
Пристигнувањето на фудбалската репрезентација од Италија се очекува околу 17:30 часот на аеродромот во главниот град, а славјето на плоштадот се очекува да започне во 18:30 часот.
За потсетување, македонската репрезентација вчера победи во Палермо со голот на Александар Трајковски во 92 минута и со оваа победа се пласираше во бараж-финалето.
Одлучувачкиот натпревар ќе го одиграме против селекцијата на Португалија, на гостински терен, на 29 март.