МВР соопшти дека синоќа, во 23:40 часот, во кичевското село Кнежино, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.И.(50) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“, пиштол „Екол“ со рамка и додаток за испукување, рамка за пиштол со куршуми, маневарски и сигнални куршуми.
С.П.И.бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.