Во полициската станица Аеродром, Ф.С.(43) од Скопје пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле четири лица од Бангладеш на возраст од 23 до 36 години, кои биле вработени во приватна фирма во Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Во последните неколку месеци многу странски работници, најчесто од Непал, се пријавени дека ги напуштиле работните места и обезбеденото сместување од македонските фирми.