Скопјанец киднапирал жена во својот дом

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 и Противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

„На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Share This Article