More

    Скопјанец е приведен синоќа откако се заканувал на сопственик на сервис за возила во Скопје

    spot_img

    Скопјанец е приведен синоќа откако се заканувал на сопственик на сервис за возила во Скопје, соопшти полицијата.

    Б.И.(31) од селото Сингелиќ, Скопско, се сомничи дека во периодот од 07.07. до пријавувањето на 27.07.2023, во повеќе наврати упатувал закани кон Г.Д.(28) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. на 07.07.2023 го однел своето возило на поправка во авто сервисот на Г.Д., а откако Г.Д. му кажал дека парите што му ги дал за купување резервни делови биле фалсификувани, тој во неколку наврати преку СМС пораки му упатил закани дека ако не му го поправи возилото ќе треба да му даде 5.000 евра.
    Според пријавеното, на 26.07.2023 Б.И. со тврд предмет се заканил на друг вработен во сервисот и оштетил неколку возила оставени за сервисирање.

    Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img