Скокот на цената на нафтата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На светските берзи цените на нафтата скокнаа за повеќе од 10 отсто минатата недела и достигнаа највисоки нивоа во последните пет недели, бидејќи ОПЕК и неговите партнери од картелот најавија значително намалување на производството на „црното злато“ од ноември.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела скокна за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари.

Остриот скок на цената на нафтата е резултат на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, да го намалат производството за два милиони барели дневно од ноември.

Неколку членки на ОПЕК + се борат да ги исполнат договорените производствени квоти поради недоволни инвестиции или санкции, а групата заостануваше околу 3,6 милиони барели дневно зад целите за производство во август.

Снабдувањето всушност ќе биде намалено за 1 милион до 1,1 милиони барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500.000 барели дневно, рече саудискиот министер за енергија Абдулазиз бин Салман.

Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака тесниот пазар.

„Една од клучните последици од најновото намалување на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата на ниво од 100 долари. Сепак, растот на цените најверојатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, рече Стивен Бренок од PVM.

Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта.

Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји изминатите месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, а тоа ќе го забави растот на економиите, а се зголемуваат и ризиците од рецесија.

- Advertisement -
Ad image

Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени во следните седници.

Благодарение на добивките во изминатите две недели, цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа од јануари. Сепак, тие се уште се далеку пониски отколку во март, за време на почетната фаза на руската инвазија на Украина, кога се приближија до 147 долари, што е највисоко ниво откако почнаа да се тргуваат нафтените фјучерси.

„Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега се стабилизира во опсегот од 90 до 100 долари, ОПЕК + најверојатно ќе биде задоволен од исходот, и покрај сè уште многу неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од ОАНДА.

- Advertisement -
Ad image

Откако минатата година цените на нафтата скокнаа за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на економиите од корона кризата, од почетокот на оваа година пораснаа за околу 25 отсто, што најмногу е последица на војната во Украина.

Share This Article