More

    Скандалозно однесување на Кристијано Роналдо

    spot_img

    Ал Наср беше поразен од Ал Хилал со 1-2 во полуфиналето на Суперкупот во Саудиска Арабија, а посебно нервозен на теренот беше Кристијано Роналдо.

    Капитенот на Ал Наср одново е во фокусот поради своите испади на фудбалските терени, Португалецот креираше нови сцени на синоќешниот натпревар.

    Фрустрациите на напаѓачот почнаа во последните секунди од првиот дел, кога беше поништен гол на Отавио за водство на Ал Наср од 0-1. Судиите сметаа дека Кристијано Роналдо од офсајд позиција се обидел да игра со топката, па иако немало контакт, влијаел на акцијата и поради тоа голот не е регуларен.

    Случувањата кулминираа во завршницата од мечот при водство на Ал Хилал од 2:0. Роналдо во 86 минута непотребно влезе во дуел крај аут линијата и при кошкањето со лакт го удри противникот, потег за кој доби црвен картон.

     

    Португалецот тешко ја прифати одлуката, па замавна кон судијата и малку фалеше да направи сериозен инцидент, за среќа се воздржа во последен миг.

     

    На головите на Салем ал-Давсари и Малком, Ал Наср одговори со прецизен удар на Садио Мане во 90+9 минута.

    Ал Хилал се пласираше во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија, каде ќе се соочи со Ал Итихад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img