More

    Скандал во Франција за Палестина и Израел: Фудбалерот на Ница објави видео во кое повикува на „црн ден за Евреите“

    spot_img

    Алжирецот Јусеф Атал (27), дефанзивецот на францускиот прволигаш Ница, предизвика бран критики во Франција откако објави, а потоа избриша антисемитско видео на социјалните мрежи.

    Во саботата, Атал објави видео од исламски проповедник кој повикува на „црн ден за Евреите“ на социјалните мрежи, а неколку часа подоцна го избриша. Во неделата алжирскиот дефанзивец се извини.

    „Свесен сум дека мојата објава шокираше некои луѓе, што не беше моја намера и се извинувам за тоа“, напиша тој и додаде дека „најостро ги осудува сите форми на насилство, каде било во светот“.

    Клубот од Ница се уште официјално не реагирал, додека Француската фудбалска федерација (ФФФ) го осуди неговиот потег најавувајќи истрага.

    „Повиците на насилство, пренесени од играчот на Ница, Јусеф Атал се во спротивност со етиката на нашиот спорт и вредностите што фудбалот неуморно ги брани. ФФФ најостро ги осудува. Говорот на омраза нема да биде дозволен“, се вели во соопштението на претседателот на ФФФ, Филип Диало, додавајќи дека случајот ќе го преземе Етичкиот комитет на ФФФ.

    Зборуваше и градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози.

    „Очекувам Јуџеф Атал, доколку дозволи да биде искористен, да се извини и да ги осуди терористите на Хамас“, рече тој.

    На Атал му се допадна шокантната порака на Хабиб Нурмагомедов
    Ова не е прв пат Атал да мора да се извини. Во ноември 2020 година, му се допадна постот на ММА шампионот Хабиб Нурмагомедов, кој испрати остра порака до францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно изјави дека „Исламот е во криза“.

    „Семоќниот нека ви го обезличи лицето и на сите оние кои под слоганот за слобода на говор ги навредуваат чувствата на повеќе од една и пол милијарда муслимански верници“, напиша тогаш Нурмагомедов, а неговата објава му се допадна на Атал. Сето ова се случи неколку недели откако три лица беа убиени во напад со нож во катедралата Нотр Дам во Ница.

    „Длабоко сум трогнат од последниот напад во Ница. Јас сум муслиман и сум против тероризмот“, напиша алжирскиот интернационалец, наведувајќи дека „му се допадна објавата на Нурмагомедов бидејќи е фан на овој спортист“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img