Скандал на трибините фрли темна сенка на годинашниот УС Опен тениски грен-слем. На дуелот меѓу германскиот тениер Александар Зверев и Јаник Синер во осминафиналето на УС Опен еден од навивачите од трибините извикувал нацистички фрази кои се поврзуваат со Адолф Хитлер.
Откако се случи спорната ситуација, Зверев реагираше кај судиите и навивачот беше отстранет од трибините.
-Не, не! Ова не е правилно. Тој ја кажа најпознатата хитлеровска фраза што постои на овој свет. Тоа е неприфатливо. Неверојатно! – му рече Зверев на судијата.
Инцидентот се случи при резултат 2:2 кога Зверев имаше сервис, по што се слушна спорен „извик“.
Зверев го победи Синер во пет сета и избори пласман во четвртфиналето на УС Опен.