Скандал ја тресе Словенија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

– Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

Share This Article