More

    Скандал го тресе Албанското здравство, уапсени се 8 функционери

    spot_img

    По две и пол годишна истрага спроведена од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, откриен е нов скандал, овој пат со давањето концесија за стерилизација на медицински средства, која била доделена спротивно на законот.

    – СПАК потпиша осум налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата во вредност од 100 милиони евра. Изречена му е мерка „затворски притвор“ на поранешниот заменик – министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација. На дел од осомничени изречена им е мерка домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција, објавија албанските медиуми.

    Во образложението на Специјалниот суд за организирн криминал и корупција се наведува дека одлуката за затворски притвор на прво осомничените е поради можноста од нивно бегство.

    – Судот смета дека постои ризик лицата под истрага Илир Рапај и Клодијан Репај да ја напуштат земјата избегнувајќи ја правдата. Вреди да се спомене фактот дека овие лица најчесто престојувале во странство според ТИМС системот отколку во Албанија. Тие имаат големи финансиски можности, лесно можат да ја напуштат албанската територија и да живеат во странство. Во овие околности, ризикот од заминување и избегнување на правдата е исклучително голем, поради тоа одредена им е мерка затворски притвор – се вели во образложението на судот.

    Во СПАК се повикани и двајца поранешни министри, за здравство и за финансии, за кои, според медиумите не се исклучува можноста и тие да биле вмешани во ова.

    Досието за стерилизација во текот на 2019 година го објави „Нисма Турје“, од каде беше потенцирано дека договорот за стерилизација на хируршка опрема со Јавното приватно партнерство, потпишан во 2015 година меѓу поранешниот министер за здравство Илир Беќај и концесионерската компанија „Сани Сревице“ и нанел економска штета на државата.

    Ревизијата утврдила дека опремата во вредност од 100 милиони евра купена од албанската Влада е дадена на концесионерот бесплатно и без никаква одредба во договорот. За ова дело во кривичниот законик на земјата предвидена е затворска казна од 7 до 10 години.

    Премиерот Еди Рама ја поздрави работата на Специјалното обвинителство и Судот за изведување пред лицето на правдата поранешни функционери обвинети за злоупотреба на службената положба и измама во случајот со концесијата за стерилизација.

    Преку порака на Твитер, Рама случајот го смета за успех на Владата, бидејќи токму Социјалистичката партија, според него, ја иницирала реформата во правосудството.

    Од друга страна, за овој скандал, кој е последователен, по оној со инсенераторите за согорување на отпад, за што во притвор се и поранешни градоначалници од редовите на Социјалистичката партија, опозицијата за главен винивник го посочува токму Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img