More

    Ситуацијата во Италија се уште е критична, над 1.000 луѓе се евакуирани

    spot_img

    Обилните врнежи од дожд кои ги донесе циклонот Борис ноќе предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во регионот Емилија Ромања на северот на Италија. Повеќе од 1.000 луѓе беа евакуирани од своите домови откако временските услови значително се влошија.

    Најпогодени се провинциите Болоња, Форли, Чезена и Равена, како и Римини, каде училиштата и денеска остануваат затворени. Прекинати се неколку железнички врски, јавува италијанската новинска агенција Анса.

    Вкупно, околу 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови, од кои околу 800 се од провинцијата Равена, а 165 од областа на Болоња. Сите тие ја поминаа ноќта во специјалните прифатни центри обезбедени од локалните оброци, австриската новинска агенција АПА го резимира медиумското покривање.

    Најголеми проблеми предизвикуваат високите водостои на реките. Особено критична е состојбата на реките Ламоне и Монтоне во околината на Равена. Во градот Фаенца, реките Марзено и Ламоне се излеаја од коритата и поплавија делови од градот. Поради излевањето на реката Серио, надојдените води стигнаа и до центарот на Кастел Болоњезе.

    Градските власти ги повикаа луѓето на двата брега на надојдените реки да се повлечат на повисоките катови од зградите, да ги одложат несуштинските патувања и да се држат настрана од бреговите на реките и поплавените области.

    Емилија Ромања веќе беше погодена од големи поплави во мај 2023 година, кога загинаа 17 лица, а штетата изнесуваше неколку милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img