Шумските пожари кои избувнаа во четвртокот вечерта на јужниот италијански остров Сицилија и продолжија да се шират во текот на ноќта, ги загрозија населените области во некои делови од регионот, јавува Анадолија.
Италијанската новинска агенција АНСА јавува дека пожарот што избувна во грмушка во квартот Бранкачо во градот Палермо предизвика загриженост, поради што многу локални жители ги напуштија своите домови.
Во тек се напори за гаснење, особено во општините во провинцијата Палермо, вклучувајќи ги Алтофонте, Гратери, Џибилроса, Мисилмери, Пијана дели Албанези, Торета и Прици.
Поради пожарот во Гратери, основните и средните училишта привремено ја прекинаа наставата.