More

    Сите термоелектрани во државава произведуваат струја

    spot_img

    Третиот блок на РЕК Битола од денеска е вклучен во мрежа и произведува електрична енергија со што сите термоелектрани во државата, вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино произведуваат електрична енергија што е редок случај, посочи денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

    – Верувам дека со работењето и на третиот блок во РЕК Битола ќе има вишоци на електрична енергија кои ЕСМ ќе ги продава на слободниот пазар на електрична енергија со цел да си ја подобри својата ликвидност и финансиска стабилност – рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

    Во одговор на новинарско прашање тој посочи дека согласно одлуката на Владата, донесена во ноември, од 1 јануари годинава повторно се вратени на слободен пазар сите потрошувачи кои недозволено се префрлија од слободен на регулиран пазар на електрична енергија.

    – Тие институции кои имаат надлежност да го утврдат тоа веќе го прават во изминатите неколку месеци, а РКЕ нема надлежност врз компании на кои не им издала лиценци. Верувам дека во наредниот период ќе се знае какви санкции ќе бидат преземени кон компаниите и општините кои недозволено се префрлија од слободен на регулиран пазар на електрична енергија – потенцира Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img