Мускатното оревче е популарен зачин добиен од семето на дрвото Myristica fragrans, кое по потекло е од Индија, Индонезија и Шри Ланка.
Овој зачин со сладок и јаткаст вкус подеднакво често се додава во слатките и солените јадења за да се нагласи нивната арома.
Познат е и како додаток за варено вино.
Но, дали знаевте дека со консумирање помали количини од овој зачин, можете да ги ублажите здравствените проблеми и да го подобрите не само вашето физичко, туку и менталното здравје?
Овој зачин долго време се користи како природен лек во традиционалната медицина.
На пример, во ајурведската медицина се користи за ублажување на дигестивните проблеми, како и за добар сон бидејќи има смирувачки својства.
Според кинеската медицина, поволно делува на циркулацијата и здравјето на слезината и дебелото црево.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.
Фото: Pixabay