Како го третирате вашето тело во текот на животот може да влијае на тоа колку ќе бидете здрави во вашите златни години.
Некои фактори ни се надвор од контрола, како што е генетиката, но имаме контрола врз тоа што јадеме, а добрата исхрана е основа за здраво стареење, пишува Zapodzena.rs.
Додавањето на една лажица ленено семе во вашата дневна исхрана, на пример, може да има многу позитивни ефекти врз телото.
Лененото семе е богат извор на здрави масти и други корисни хранливи материи, а на постарите возрасни им се препорачува да јадат четири до пет порции јаткасти плодови и семки неделно.
Содржи хранливи материи поврзани со превенција на болести
Лененото семе е богато со фитонутриенти, лигнани, токофероли и ферулинска киселина, од кои сите имаат антиоксидантни својства.
„Овие антиоксиданси го намалуваат ризикот од хронични болести типично поврзани со стареењето, како што се ракот, срцевите заболувања, мозочниот удар, дијабетесот и бубрежните заболувања“, вели д-р Дана Елис Хунес од UCLA за LiveStroger.
Богат е со омега-3 масни киселини
Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини, кои се неопходни за здраво стареење, според Харвард Т.Х. Чан школа за јавно здравје.
„Омега-3 се корисни за здравјето на срцето и имаат антиинфламаторно дејство, што е од суштинско значење за здраво стареење“, вели д-р Хунес.
Згора на тоа, лигнаните во лененото семе се поврзани со намалување на холестеролот и крвниот притисок, според Американското здружение за срце.
Содржи протеини за здравјето на мускулите
Протеинот е клучна хранлива материја за борба против природното губење на мускулите што се случува со текот на времето. На постарите возрасни лица им треба повеќе протеини во нивната исхрана за да ја зачуваат и зголемат мускулната маса.
Лененото семе се состои од до 30 проценти протеини. Две лажици мелено ленено семе содржат 2,6 грама протеини.