More

    Сите платеници ќе мораат да склучат договор со руската војска

    spot_img

    Наредба со која сите руски доброволни единици ќе мораат да потпишат договор со Министерството за одбрана потпиша министерот Сергеј Шојгу. Западните медиуми пренесоа дека тоа е негова одмазда кон ривалот Евгениј Пригожин од платеничката група „Вагнер“.

    Веста дека се работи за начин како да се потчинат руските приватни се појави на руските канали на Телеграм.

    Се смета дека ова е одмазда на Шојгу бидејќи Пригожин постојано јавно го критикуваше министерот дека одбива да му издаде муниција на „Вагнер“, но и дека е некомпетентен заедно со генералите.

    Секако, одговорот од другата страна не мораше долго да чека. Пригожин јасно стави до знаење дека Вагнер нема да потпише никакви договори со руското Министерство за одбрана, со што ги отфрли обидите на министерството да го стави „Вагнер“ под своја контрола, пишува Ројтерс.

    – Членовите на „Вагнер“ се исклучително професионални и ефикасни. За жал, повеќето воени единици немаат таква ефикасност, а тоа е токму поради неспособноста на Шојгу правилно да управува со армијата – рече Пригожин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img