Осумте пратеника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од независна пратеничка група која гласаше „за“ Преспанскиот договор и го обезебеди двотретинското мнозинство во Парламентот ја честиташе денешната одлука за доделување на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ. Во соопштение до медиумите тие порачуваат дека сите кои гласале „за“ овој договор имаат удел во она што се случува денес.
„Овој сон конечно станува реалност и денешниот голем празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историскиза православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот „за“ Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва“, стои во честитката.