More

    Сите исчезнати во лавината во Австрија се пронајдени живи, четири лица се повредени

    spot_img

    Последните две лица исчезнати по лавината во ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија се пријавиле кај властите, па операцијата за пребарување и спасување е прекината, објави во понеделникот австриската новинска агенција АПА, пренесува Ројтерс.

    Лавината се случила непосредно пред 15 часот во неделата, јави АПА, додавајќи дека првичните сомнежи дека лавината затрупала 10 лица се засновани на видео на скијач.

    Едно лице беше брзо извлечено од снегот и пренесено во болница во Инсбрук со сериозни повреди.

    Повредени се вкупно четири лица.

    Останатите од видеото се пријавиле кај властите во неделата вечерта, пишува АПА.

    Некои сами се симнаа во долината и прво не пријавија дека ги погодила лавина.

    Лех/Циерс се рекламира како „едно од најдобрите скијачки центри во светот“ и дел од колевката на алпското скијање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img