More

    Сите го помнат неговиот настап во ринг во 2007 година

    spot_img

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е страстен вљубеник во професионалното борење кое му помага да биде борец и во политиката, анализира „Дејли Телеграф“. Јавноста во САД не го заборава настапот на Трамп на шоуто ВрестлМаниа во 2007 година кога преку посредна битка со борци извојува победа против милијардерот Винс МекМахон.

    Борачот на Трамп победи во мечот, а МекМахон ја загуби косата, како што се правилата за губитникот во ова шоу. Набрзо, мечот меѓу двајцата милијардери стана настан со најголема заработка во историјата на професионалното борење.

    На снимката може да се види како Трамп го бричи МекМахон со машинка, додека претходно му се нафрли со тупаници.

    – Сметам дека ова е мојата најголема чест од сите – рече Доналд Трамп во април 2013 година, кога беше примен во Куќата на славните на World Wrestling Entertainment (WWE) во Медисон Сквер Гарден.

    Всушност, Трамп беше домаќин а ВрестлМаниа во далечната 1988 и 1989 година. Шоуто се одржуваше во неговиот хотел во Атлантик Сити.

    „Борaчот“ од ВрестлМаниа пред една недела го направи својот втор камбек како претседател на САД. Неговата победа, според освоените електорски гласови беше историска.

    Секако, јавноста во САД го знае Трамп и по фразата „Ти си отпуштен“ од неговото реалити шоу „The Apprentice“ каде млади луѓе се борат за вработување во неговата компанија. Но, можеби неговата љубов кон борењето и бодибилдингот тука имаат предност.

    – Секој сака да му го припише успехот на шоуто „The Apprentice“ поради неговата медиумска експонираност, но Доналд Трамп научи многу како да комуницира со јавноста и како да прави толку многу работи од борењето – вели д-р Шенон Боу О’Брајан, политиколог кој ги проучува американските претседатели на Универзитетот во Тексас во Остин.

    Според неа, борењето му помогнало на Трамп за да искаже како го гледа светот во своите говори и јавни изјави.

    – Тој ги користи тактиките на борачите, нивните фрази и нивните вештини, никогаш не се извинува, секогаш употребува двојно повеќе сила и никогаш не греши – заклучува О’Брајан.

    Емисиите како ВрестлМаниа или актуелниот СуперБоул која се емитува во денешницата важат повеќе за телевизиски реалити шоуа.

    Трамп на изборите доби поддршка од познатиот борач Дејна Вајт, шеф на Ултимејт Фајтинг Шампионатот (УФЦ). Низ годините Трамп го имаше „зеленото светло“ и од легенди како Хулк Хоган, Тед Дибиасе.

    Исто така, Трамп сними изборно видео со пензионираната поранешна боречка легенда Марк Калавеј, попознат по неговиот прекар „The Undertaker“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img