Кина ги прогласи сите 44 загинати во лизгање на земјиште во југозападниот дел на земјата во понеделникот, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Уште во четвртокот, спасувачите ја прекинаа потрагата по можни преживеани, а властите соопштија дека ќе ги засилат напорите за рано предупредување и одговор при катастрофи.
Свлечиштето однесе 18 куќи во округот Женџонг, провинцијата Јунан во понеделникот наутро, по што беа евакуирани повеќе од 900 луѓе.
Властите испратија 200 спасувачи и десетици противпожарни возила и друга опрема во областа. Претседателот Си Џинпинг, сепак, повика на интензивни напори за спасување на луѓето и преселување на оние кои останаа без домови, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Спасувањето на затрупаните луѓе беше отежнато поради временските услови, бидејќи областа беше покриена со дебел слој снег, а температурите беа далеку под нулата.
Одроните се доста чести во оддалечената и сиромашна провинција Јунан.