Францускиот суд издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар Ал-Асад под обвинение за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесува AFP.
Судски извор изјави за АФП дека Ал-Асад е осомничен и за соучесништво во воени злосторства во нападите од август 2013 година за кои сириската опозиција го обвини режимот и во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе во близина на Дамаск.
Распишани се и меѓународни потерници за апсење на братот на сирискиот претседател, Махер кој е фактички шеф на сириската елитна воена единица и двајца генерали на вооружените сили.
Единицата за злосторства против човештвото на парискиот суд ги истражува хемиските напади од 2021 година.