Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад.
„Експлозиите се во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух“ – пренесува Тасс.
Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во Киев доаѓаат од дописници на украинската телевизија во двата региона.
Во регионите на Киев, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николајев, Дњепропетровск, Харков и Полтава, како и во делот на регионот Запорожје, контролиран од Киев, прогласена е тревога за воздушен напад, соопшти Тасс.