Сипаници во Белград се потврдени кај уште три лица, што е вкупно шест случаи во главниот град, соопштија за Танјуг во Градскиот завод за јавно здравје.
Од тие три лица, едно младо момче (18) е хоспитализирано. Тој не бил вакциниран и се наоѓа на Клиниката за инфективни и тропски болести со пневмонија.
Сипаница е потврдена кај четиригодишно дете кое не било вакцинирано и кај жена (48) која, велат, била вакцинирана и има блага клиничка слика, јавува РТС.
Првите два случаи биле откриени на 8 февруари кај невакцинирано лице кое посетувало средно училиште и возрасен човек кој во својата медицинска евиденција имал информации дека боледувал од оваа болест.
После тоа, на 12 февруари, кај невакцинирано дете кое посетува основно училиште, констатирале сипаници, а лекарите констатирале компликации во вид на пневмонија.