More

    Синовите на Бритни Спирс со „скршено срце“ читаат за нејзиниот абортус во книгата

    spot_img

    Мемоарите на поп принцезата Бритни Спирс беа тема на бројни разговори и коментари, а медиумите и фановите ги преплавија социјалните мрежи со реакции и прегледи на откриените тајни од животот на популарната пејачка.

    Во книгата, меѓу другото, Бритни ја допре и потресната тема за абортусот, а не е познато дали нејзините синови воопшто знаеле за тоа пред мемоарите насловени „Жената во мене“ (The ​​Woman In Me) да бидат објавени.

    „Абортусот беше една од највознемирувачките работи во книгата“, рекол извор за реакцијата на синовите на Бритни на експлозивните мемоари, пренесува „Метро“.

    „На нејзините синови, кои би биле во роднинска врска со тоа неродено дете, им било тешко тоа да го прочитаат. Тие мислат дека книгата е премногу. Ако Бритни сака повторно да воспостави врска, тие мислат дека таа го прави тоа на погрешен начин“, додал изворот.

    Нејзините синови живеат на Хаваи со нивниот татко кој го има старателството врз нив, а се преселија претходно оваа година со дозвола на Бритни.

    Изворот продолжил: „Момчињата се многу загрижени за својата мајка. Тие отсекогаш се надеваа дека еден ден ќе имаат врска со неа, но книгата изгоре толку многу мостови така што е тешко да се замисли дека тоа ќе се случи сега. Тоа е многу е тажно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img