Харисон Вагнер, синот на ѕвездите од сапунската опера „Општата болница“ Џек и Кристин Вагнер, почина на 27-годишна возраст.
Според извештајот кој магазинот „Пипл“ го добил од Канцеларијата на вештаци во Лос Анџелес, Харисон во понеделникот бил пронајден на паркинг во Лос Анџелес. Неговата обдукција сѐ уште е во тек, а причината и начинот на смртта не се соопштени.
Џек и Кристина се венчаа во 1993 година, а се разведоа во 2006 година и останаа пријатели со текот на годините. Покрај Харисон, поранешната двојка има и 31-годишен син Питер, а Џек ја има и ќерката Кери од претходната врска.
Непосредно пред последната објава на Харисон на Инстаграм на 22 мај, на која селфито го потпишал: „Фокус. Oстана со себе и со своите мисли“, неговата мајка Кристина напиша дека последен пат со синовите на семејниот ранч го поминала пред да се преселат.
„Горко-слатко збогување од местото коешто 25 години го нарекувавме ранч Вагнер. Бодликавата убавина на пустината и пејзажот опкружен со национални шуми отсекогаш нè потсетувале дека постои мир кога ви потребен“, напишал тој со фотографиите од себе, Харисон и Питер.
ФОТО: Инстаграм