Во затворот во Сремска Митровица почина Рашид Сакиќ (45), синот на покониот пејач Синан Сакиќ, а причината за смртта не е позната, јавуваат локалните медиуми.
Веста за ненадејната смрт се појави на социјалната мрежа Фејсбук на страницата Лозница Град, а за смртта на Рашид семејството беше известено од затвор.
Според информации од извор близок до семејството, неутешната мајка Велида плаче и не може да си дојде на себе, а причината за ненадејната смрт се уште се утврдува.
Синан Сакиќ почина во 2018 година.