Синот на Евгениј Пригожин, Павел Пригожин (25), презема чекори да ја преземе командата со групата на Вагнер, известува американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).
Павел, наводно, е во разговори со руската Национална гарда „Росгвардија“ за враќањето на Вагнер во борбата во Украина, соопшти ИСВ, цитирајќи канал на Телеграм поврзан со групата, пренесува Скај њуз.
Ваквиот потег би обезбедил алтернативен лидер на актуелниот командант на Вагнер, Андреј Трошев, кој потпиша договор со Министерството за одбрана и беше јавно прифатен од Владимир Путин, придружувајќи му се на состанок минатата недела.
Причината поради која некои членови на „Вагнер“ би сакале синот на Пригожин да биде лидер, а не Трошев, според ИСВ е што „Росгвардија“ му е подредена на руското министерство за одбрана и на претседателот Владимир Путин.
„Во секој случај, министерството ќе мора да обезбеди опрема и залихи за голема, реконституирана сила под „Росгвардија“, бидејќи „Росгвардија“ нема логистичка инфраструктура за да го направи тоа сама“, се вели во извештајот.
Извор за ИСВ вели дека, меѓу другото, се преговара борците на „Вагнер“ да немаат обврска да потпишат нов договор со министерството, ниту да се откажат од своите симболи, значки, униформи и идеологија.