More

    Синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се борел во Украина заедно со платеничките сили на групата Вагнер

    spot_img

    Синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се борел во Украина заедно со платеничките сили на групата Вагнер. Ова во саботата го откри шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува ДејлиМејл.

    Синот на Песков, Николај Песков, кој долго време живеел во Британија и е познат и како Николај Чолес, за московскиот таблоид КП изјавил дека служел затоа што тоа го сметал за негова должност. Печатот објави и фотографија од 33-годишникот во воена униформа. Се наведува и дека бил одликуван.

    Критичарите, сепак, рекоа дека Пригожин не дал доказ за неговото наводно распоредување во Луганск.

    Меѓу другото, Пригожин рекол дека членството на синот на Песков било чувано во тајност.

     

     

    – Само јас и шефот на персоналот знаевме за тоа. Николај Песков покажа храброст и херојство како и сите други – додаде тој објаснувајќи дека синот служел во артилеријата.

    Синот на Дмитриј Песков моментално е на одмор по шест месеци стаж, вели шефот на Вагнер.

    Пригжин тврди дека првично го советувал Песков да не го пушта синот во редовната војска, која според него не е доволно спремна и обучена, туку во редовите  на приватната група.

    Синот наводно, успеал да влезе во Вагнер по три недели обука и неговото учество „било за пример“.

    – Децата на поголемиот дел од руската елита ги избегнаа воените напори. Родителите ги кријат – се пожали 61-годишниот газда на Вагнер.

    Тој додаде дека синовите на водечките Руси се испраќаат на универзитети, каде што се ослободени од служење во вооружените сили, додека децата на работниците умираат во војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img