Синот на Џо Бајден беше фатен во секс скандал пред кандидатурата на неговиот татко за втор мандат во Белата куќа.
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, кој се кандидира за втор мандат, ги наполни насловите на медиумите откако се појавија илјадници фотографии од него како добро се забавува со проститутки и опијати.
Десничарската група Марко Поло објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер на кои се гледа како се дрогира и се забавува гол со проститутки. Меѓу вкупно 8.864 слики има и секојдневни семејни фотографии со таткото Џо и другите членови на семејството Бајден.
Фотографиите се направени помеѓу 2008 и 2019 година на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Кина, Лондон, Париз и Рим, според Daily Mail, и се извадени од апликацијата MacBook Pro iPhoto на Хантер и од iPhone XS. 674 слики беа испратени преку СМС пораки, има 579 слики од екранот, од кои 40 се испратени преку WhatsApp и 111 преку други средства.
Објавувањето на сликите може да биде шок за Бајден, со оглед на тоа што покрај интимните и експлицитни фотографии има и фотографии од малолетни членови на семејството.
80-годишниот Џо Бајден во април објави дека се кандидира за нов петгодишен мандат во Белата куќа.