Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава откако неговиот татко беше уапсен на Флорида, пишува порталот Гардијан.
Најстариот син на осомничениот, Оран Раут, го опишал неговиот татко како „ добар татко, полн со љубов, чесен и вреден човек“.
– Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човекот што го познавам, дека би направил нешто лудо, а камоли насилно – вели Оран.
Весли Раут е уапсен, а според ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.Според синот, Рајан Весли Раут исто така бил многу страстен за каузата за Украина.
– Татко ми отиде таму и виде луѓе како се тепаат и умираат – рече помладиот Рут за време на краткиот телефонски разговор кога го прашаа за неговиот татко.
Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот.
Медиумите потстеуваат дека ова е втор обид за атентат врз Трамп за 64 дена.
Поранешниот американски претседател беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.