More

    Синот ги тепал родителите со чекан

    spot_img

    Хрватската полиција синоќа околу 19 часот и 30 минути добила пријава за две тешко повредени лица кои биле пронајдени во стан во Сплит, соопшти сплитската полиција.

    Како што пренесе хрватскиот портал Индекс, станува збор за маж и жена кои се пренесени во болница на преглед и на лекување.

    Во меѓувреме, нивниот син е уапсен и против него е отворена кривична истрага бидејќи наводно ги удрил со тап предмет, најверојатно со чекан.

    Медиумите додаваат дека најверојатно се работи за психички нестабилна личност.

    Полицијата постапувала пред шест години со него, кога бил однесен на лекување во психијатриска болница.

    „Местото на настанот е обезбедено и ќе се спроведе истрага во рамки на кривичната истрага“, соопштија од Полициската управа на Сплит-Далмација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img