Синоптичарите очекуваат уште една многу активна сезона на урагани во 2022 година, пишува Би-Би-Си.
Причината за тоа е што времето повторно ќе биде под силно влијание на природниот феномен познат како Ла Нина.
Научниците од NOAA, Метеоролошката служба на САД, објавија официјални прогнози за сезоната на урагани, која трае од јуни до ноември.
Нивните прогнози се совпаѓаат со прогнозите на Универзитетот во Колорадо и Британската метеоролошка канцеларија.
Сите тие сугерираат натпросечен број на именувани бури, урагани и големи урагани. Овогодинешната сезона би можела да биде седма последователна натпросечна сезона на урагани.
Синоптичарите од Универзитетот во Колорадо сугерираат дека има 70 проценти шанси барем еден голем ураган (категорија 3 или повисока) да го погоди брегот на САД.
Прогнозите се засноваат на голем број фактори, но еден од највлијателните е природната временска шема во Источниот Пацифик што има импликации за временските услови ширум светот.
Тоа се однесува на промената на трговските ветрови и температурите на морската површина во овој регион со потопол Ел Нино, постуден Ла Нино и неутрална фаза.
Ла Нина може да значи поактивна сезона на урагани бидејќи го намалува смолкнувањето на ветерот, дозволувајќи им на тропските бури да се развиваат побрзо.