Синодот на БПЦ ги моли верниците да се молат за здравјето на поглаварот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот патријарх Неофит е хоспитализиран во Воената медицинска академија (ВМА) во Софија поради белодробно заболување, соопшти утрово канцеларијата на Синодот на Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ).

Синодот на БПЦ ги повикува верниците да се молат за здравјето на патријархот.

На својата веб-страница, БПЦ објави информација дека бугарскиот патријарх Неофит е примен на ВМА.

„Го повикуваме свештенството и верниот богољубив народ сесрдно да се молат за брзо оздравување и возобновување на првиот светител на нашата родна црква, како и да ги прифатат како веродостојни само информациите објавени од Светиот синод на БПЦ-БП“, наведено е во соопштението од БПЦ.

Share This Article