Синер забележа историска победа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - Wimbledon - All England Lawn Tennis and Croquet Club, London, Britain - July 7, 2023 Serbia's Novak Djokovic gestures to fans during his third round match against Switzerland's Stan Wawrinka REUTERS/Andrew Couldridge

Откако десет пати го потврди правилото Новак Ѓоковиќ да го освои Австралија опен кога ќе стигне до полуфиналето, денеска во Мелбурн заврши една од најголемите традиции во историјата на Грен слем турнирите. Јаник Синер го доби мечот со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7 и 6-3) и за првпат ќе игра финале на грен-слем турнир.

Ѓоковиќ лошо го почна мечот, правеше голем број на неизнудени грешки, Италијанецот ги доби првите два сета со 6-1 и 6-2.

Во третиот сет Ѓоковиќ го крена нивото, но Синер остана перфектен на своите сервиси. Мечот отиде во тајбрејк во кој српскиот тенисер спаси и меч топка, го доби со 8-6 и намали на 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет клучен беше четвртиот гејм, Новак сервираше, имаше 40-0, кога Синер зема 5 поени по ред и направи брејк за водство од 3-1. До крајот на сетот италијанскиот тенисер го задржа брејкот и го доби сетот со 6-3 за конечна победа од 3-1.

За тоа како играше Синер на овој меч, зборува фактот што Новак Ѓоковиќ немаше ниту една брејк топка.

Синер е првиот италијански тенисер кој ќе игра финале на Австралија опен и трет Италијанец кој ќе игра финале на грен-слем турнир во опен ерата.

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер се сретнаа по седми пат, играа во четврт-финалето на Вимблдон, играа во полуфиналето на Дејвис купот, играа и за титулата во финалето на АТП сезоната.

Share This Article